Рони го имитираше Роналдињо и режираше дриблинг деликатес во Лигата на шампиони

Дерби

22/10/2025

13:58

257

Големина на фонт

а а а

Рони Бардагчи најчесто добива шанса од клупата за резерви, но и покрај лимитираната минутажа, талентираниот фудбалер од Шведска веќе на големо покажа дека станува збор за потенцијал кој може да прави разлика против било кој противник.

19-годишниот фудбалер не може да се избори за стартерско место бидејќи игра на позицијата на Ламин Јамал, но вчера потребни му беа само неколку секунди за да го покаже на дело својот дриблерски арсенал.

Бардагчи асистираше за хет-трик на Фермин Лопез веднаш по влегувањето во игра, меѓутоа во прв план се најде начинот на кој го измести противникот.

Рони режираше „еластико“ деликатес во стилот на легендарниот Роналдињо, па иако во продолжение се сопна, имаше доста среќа и обидот за шут се претвори во асистенција.

Без оглед на се, главен фокус се става на неговата дриблинг минијатура, која беше издвоена и од официјалниот профил на Лигата на шампиони.