[ВИДЕО] Вучиќ објави снимка од испрашувањето на напаѓачот: „терористички чин“

A1ON.MK

22/10/2025

17:14

1.932

Големина на фонт

а а а

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „омразата поттикната од политичарите и медиумите доведе до терористички чин во Чациланд“, импровизирана населба во белградскиот парк Пионирски каде што денеска едно лице беше рането во вооружен напад, а беше подметнат и пожар, објави Nova.rs.

Вучиќ, кој го окарактеризира инцидентот како „терористички чин“ уште пред прес-конференцијата, го започна своето обраќање откривајќи ги личните податоци на уапсениот напаѓач и детали за оружјето што го користел.

Тој изјави дека осомничениот со себе донел и канта бензин со намера да запали пожар. Потоа побара на јавноста да ѝ бидат прикажани снимки од ранувањето, апсењето и испрашувањето на осомничениот.

„За мене, политичкиот мотив е недвосмислен. Му посакуваме на г-дин Богдановиќ успешна операција и закрепнување“, рече Вучиќ. Тој, исто така, ги повика своите поддржувачи да се воздржат од какви било собири, нагласувајќи дека „одмаздата никогаш никому не донела добро“.