Овој витамин е нешто најблиску до „апче против стареење“: Откриено интересно дејство на еден од клучните нутриенти

Точка

25/10/2025

12:09

1.622

Големина на фонт

а а а

Неодамна спроведена студија открила интересен ефект на витамините кои често се земаат низ суплементи за процесот на стареење.

Новото научно истражување укажува дека суплементите на витамин Д можат да помогнат во заштита на завршетокот на хромозомите, познати како теломери кои имаат важна улога во забавување на процесот на стареење.

Ова откритие ја поттикнало надежта дека „сончевиот витамин“ би можел долготрајно да го чува здравјето.


Истражувањето открило дека консумирање на 2.000 IJ (интернационални единици) витамин Д дневно помага во чување на теломерите кои функционираат така што спречуваат оштетувања секојпат кога клетката ќе се подели.

Зошто теломерите се важни?

Секој од 46 хромозоми во човековото тело е покриен со теломер којшто се крати секојпат кога клетките се реплицираат, пишува „Science Daily“.

Кога овие структури ќе станат прекратки, клетките престануваат да се делат и на крај умираат.

Скратените теломери се поврзани со главните болести кои се поврзани со стареењето како што се канцерот, срцевите заболувања и остеоартритис. Факторите како пушење, хроничен стрес и депресија можат да го забрзаат овој процес.

Витамин Д, повеќе од поддршка за коските

Поголем дел од луѓето знаат дека витаминот Д е меѓу нутриентите важни за градење на моќни коски затоа што му помага на телото да апсорбира калциум.

Децата, тинејџерите и оние со потемна кожа или ограничено изложување на сончева светлина треба особено да консумираат дополнително ниво на витамин Д за да ја задржат цврстината на коските.


Витаминот Д исто така го јакне имуниот систем. Студиите покажуваат дека суплементите можат да го намалат ризикот од респираторни инфекции, особено кај луѓето кои имаат недостаток на калциум. Раните истражувања укажуваат дека дури би можело да помогне во превенција на автоимуни болести како што се ревматоиден артритис, лупус и мултипла склероза, иако потребно е да се направат повеќе студии за да се потврди тоа.

Антифламаторните својства на витаминот Д можат да помогнат да се разберат неговите очигледни заштитни ефекти.