Била познат невролог, живеела 103 години и ова се нејзините 5 правила за спречување на стареењето на мозокот: Добила Нобелова награда за медицина и во аманет оставила важни откритија

Точка

27/10/2025

09:34

3.109

Големина на фонт

а а а

Во април 1909 година е родена Рита Леви-Монталчини, добитничка на Нобеловата награда за физиологија или медицина, која ја поделила со Стенли Коен за откритието на нервниот фактор на раст — супстанца што го стимулира растот и созревањето на нервните клетки и игра значајна улога во структурната и функционалната организација на нервниот систем.

Таа живеела 103 години и до последниот ден учела, истражувала и работела. Нејзините животни навики влијаеле врз нејзиниот долговечен живот и мозочната функционалност.

Рита Леви-Монталчини починала на 30 декември 2012 година. Животот го посветила на неврологијата, невробиологијата и науката. По дипломирањето во 1936 година, станала асистентка кај невропатологот Ѓузепе Леви, кој ја насочил кон истражување на тајните на нервниот систем.


По завршувањето на Втората светска војна, заминала на Универзитетот во Вашингтон, во Сент Луис, каде што поминала три децении. Изолацијата на нервниот фактор на раст, нејзиниот најзначаен научен придонес, претставува круна на долгогодишните и обемни истражувања на биолошките својства на одредени туморски ткива, чија највпечатлива особина била токму тоа — што го стимулирале растот на нервните клетки.

Што се однесува до нејзиниот живот, импресивно е тоа што и во својата стота година продолжила да биде активна во научната заедница. За да го постигне тоа, се придржувала до следниве животни навики со цел да го одржи својот мозок „млад“.

1. Екстремна утринска рутина

Рита Леви-Монталчини се будела секој ден во 5 часот наутро. Не заради вежбање. Не заради медитација. Туку за веднаш да ѝ се посвети на сложената научна работа, додека умот ѝ бил најсвеж.

Мозокот ги достигнува своите врвни перформанси во раните утрински часови.

2. Минимална исхрана

Рита Леви-Монталчини јадела само еднаш дневно – и тоа само ручек. Повремено навечер земала мала чинија супа или портокал. Ова не било поради килограмите или изгледот – туку поради менталната јаснотија. Открила дека полесната исхрана го прави нејзиниот ум поостар и сосредочен.


3. Континуираната работа

Рита Леви-Монталчини имала 171 објавена студија до својата смрт во 2012 година.

„Вашиот мозок е како мускул. Ако престанете да го користите, почнува да пропаѓа“, велела таа.

4. Ментална активност

Пркосејќи на своите години, Рита Леви-Монталчини одбивала да престане да учи. Одржувањето на активноста на мозокот го сметала за клучен фактор за долговечност.

Не се работело само за рутински задачи, туку за постојано решавање проблеми и нови истражувања.

Сепак, постои уште една клучна навика.


5. Позитивен став

Кога за време на Втората светска војна ѝ било забрането да работи на универзитетот, Рита Леви-Монталчини изградила лабораторија во својата спална соба.

Кога ѝ рекле дека жените не можат да бидат научнички, таа докажала спротивното. „Стресот и негативноста се токсични за здравјето на мозокот“, верувала таа.

Со 103 години изјавила: „Имам поголема ментална способност денес отколку кога имав 20 години, благодарение на акумулацијата на искуство.“

Останала остроумна до последниот ден, докажувајќи дека стареењето не мора да значи намалување на мозочната функција.

Покрај истражувачката работа, Рита Леви-Монталчини била позната и по улогата во образованието на идните научнички и научници, како и по инспирирањето на помладите генерации да се упатат по патот на знаењето.

Станала сенаторка во Италија во 2001 година

Ѝ биле доделени бројни високи академски почести и признанија. Во 2001 година, станала доживотна сенаторка на Република Италија.

За нејзиниот живот и животот на нејзината близначка, сликарката Паола Леви-Монталчини, е снимен и долгометражен филм „Смрт по нацрт: живот и времиња“.


Кога нè напушти на 30 декември 2012 година, Рита Леви-Монталчини беше најстарата личност со Нобелова награда. Истакнати научници и мислители од Италија и целиот свет ја испратиле како личност која со упорност, волја и неуморен труд ја надмина родовата предрасуда и неправдите донесени од фашизмот, за да се избори за можност да ѝ подари на науката нови откритија – но и како личност која целиот живот на восхитувачки начин ја застапувала граѓанска свест и совест, култура и дух на науката на своето време, кое е подеднакво и наше.