[ФОТО] Јапонците направиле машина за перење луѓе: Како функционира?

Точка

27/10/2025

10:07

882

Големина на фонт

а а а

Целиот процес на чистење на телото трае само неколку минути и не бара никаква акција од лицето кое се наоѓа внатре во машината.

Јапонската компанија „Science Corporation“ ја претстави „Mirai Ningen Sentakuki“, односно футуристичка машина за перење луѓе и ја изложи во рамки на павилјонот „Osaka Healtcare“ на светската изложба „Osaka-Kansai Expo 2025“, која заврши претходно овој месец.


Овој необичен концепт има за цел да го промени традиционалниот начин на одржување на хигиената и да ги воведе луѓето во нова ера каде што и телото и умот истовремено се чистат.


Машината за перење луѓе, всушност е монументална капсула со ниско седиште. Откако корисникот ќе седне во неа, покривот се спушта и капсулата целосно се затвора. На екранот почнуваат да се појавуваат релаксирачки сцени – како што се слики од подводниот свет или зајдисонца придружени со смирувачка музика.

Капсулата постепено почнува да се полни со топла вода и ултрафин сапун до ниво на градите, миејќи го корисникот. Потоа оваа вода се испушта, а млазниците прскаат чиста вода за да ја измијат пената и нечистотијата.


Целиот процес на чистење на телото трае само неколку минути и не бара никаква акција од лицето внатре.

Постапката е автоматизирана со помош на вештачка интелигенција. Прецизните сензори во капсулата постојано го мерат нивото на водата, температурата и протокот за да обезбедат максимална удобност на корисникот.

Производителите истакнуваат дека машината за перење луѓе, исто така, ја минимизира потрошувачката на вода наменета за капење и содржи интелигентни решенија за рециклирање и филтрирање на водата. Оние кои досега ја пробале се воодушевени од новиот концепт на капење.