Уапсени двајца мажи во Велес и Неготино, возеле под дејство на алкохол

Макфакс

27/10/2025

11:11

150

Големина на фонт

а а а

Вчера во 16:40 часот, на регионален пат Штип-Велес, во близина на крстоцница кај село Мамутчево, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода 34-годишниот В.М. од село Иванковци, велешко.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,84 промили алкохол во крвта.

Исто така вчера, во 10:00 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода 54-годишниот Ѓ.С. од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген кеди“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,90 промили алкохол во крвта.

Тие се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настаните, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.