Лазаров: Манасков е во врвна форма, затоа го повикав, тој не го одби повикот

Макфакс

27/10/2025

15:48

673

Големина на фонт

а а а

Селекторот Кирил Лазаров ги собра репрезентативците во пресрет на ЕХФ неделата. Македонија во овој термин ќе одигра два натпревари против Јапонија.

Од списокот отпадна голманот Никола Митревски поради повреда. На неговото место е повикан Марко Кизиќ.

Исто така со националниот тим е и Петар Атанасијевиќ откако Дејан Манасков го одби повикот на селекторот.

Селекторот појасни дека Манасков последните два месеци игра во одлична форма, дека покажува врвна класа. Нема што повеќе да каже откако играчот на Еурофарм Пелистер го одби повикот. Посочи дека негова задача е да ги повикува оние кои се во најдобра форма.

Македонија против Јапонија ќе игра во Скопје на 30.октомври. Овој натпревар ќе се игра зад затворени врати. Вториот меч е на програмата на 1 ноември во Куманово.