[ВИДЕО] Тензично во Подгорица: Приведени осум лица поради напади врз Турци

Макфакс

28/10/2025

14:15

1.598

Големина на фонт

а а а

Црногорската полиција објави дека осум лица се уапсени во Подгорица за кривични дела со елементи на поттикнување национална и верска омраза и насилство.

Исто така, беше кажано дека полицијата ќе користи камери и беспилотни летала за снимање на јавни места со цел документирање на кривични дела, а дека вчера во Подгорица се преземени 55 мерки против странци.

Според соопштението, полицијата го идентификувала и, по наредба на државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица, го уапсила П.М. (35) од Подгорица.

Полицијата објави дека постои сомневање дека на 26 октомври, преку своите профили на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук, објавил заканувачка и навредлива порака упатена кон турските граѓани кои живеат во Црна Гора, со која поттикнува омраза и нетрпеливост на национална и верска основа.

Поради сомнение дека сториле кривично дело насилно однесување, на штета на тројца турски државјани, по наредба на државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, уапсени се Б.С. (26), Ф.Ѓ. (25) и М.П. (31) од Подгорица.

„Се сомнева дека тие физички нападнале турски државјани во населбата Забјело, удирајќи ги со тупаници, стапала и користејќи палки, кои во таа прилика се здобиле со телесни повреди. При претресот, од нивното возило се пронајдени и одземени факели и балаклави“, се вели во соопштението на Полициската управа.

Додаваат дека Т.Б. (24), Б.Б. (22) и Ф.Ј. (18) се уапсени за сторено прекршок од член 7 од Законот за јавен ред и мир, на штета на турски државјанин. Тие се осомничени дека синоќа физички нападнале турски државјанин во населбата Забјело.

Полицијата соопшти дека службеници на Секторот за гранична полиција – инспектори за странци, презеле 55 мерки против странски државјани.

„За време на активностите спроведени на територијата на Подгорица, издадени се 30 прекршочни налози, две лица се насилно отстранети, две се протерани од земјата, додека на тројца странски државјани им е откажан престојот“, посочи црногорската полиција.

Пред два дена, во подгоричката населба Забјело, дојде до физичка пресметка пред угостителски објект, во која едно лице од Подгорица, М. Ј., беше повредено со нож. Полицијата идентификува и приведе двајца лица — еден турски и еден азербејџански државјанин — поврзани со случајот.

По нападот, следуваа масовни полициски контроли и приведувања — околу 45 турски и азербејџански државјани беа задржани во рамките на проверка на престој и документи, што предизвика реакции и во Турција од страна на државниот врв.

Во вечерните часови, дел од граѓаните на Подгорица излегоа на улиците, при што беа забележани ксенофобични скандирања, оштетување на возила и дополнителни полициски интервенции.