Јувентус е во потрага по нов тренер, човек кој ќе го замени Игор Тудор кој заработи отказ по лошата серија на резултати.
„Старата дама“ четири натпревари е без постигнат гол, а без победа од месец септември кога беше совладан Интер во дербито со 4-3. Овие фактори му пресудија на Хрватот и сега останува да се види кој ќе седне на жешкото столче.
Се споемнуваат неколку стратези меѓу кои и две искусни имиња Лучијано Спалети и Роберто Манчини. Некои информации велат дека Спалети е во пол позиција, а токму тој случајно се најде во позиција да даде краток коментар при промоција на една реклама во која се појавува заедно со Франческо Тоти.
- Се чувствувам добро, чекам со спокојство. Имам амбиција да ги поправам работите. Можам само да зборувам пофално за Тудор, сериозна и страсна личност. Кој и да го замени ќе има среќа бидејќи ќе најде добро трениран тим, - порачал поранешниот италијански селектор.







