Ова е втор голем колапс на „AWS“ за помалку од 10 дена, што повторно ја отвори загриженоста за кревкоста на интернет-инфраструктурата, кога премногу од работите зависат од само неколку "cloud" гиганти.
Компаниите „Amazon Web Services (AWS)“ и „Microsoft Azure“, двата најголеми светски провајдери на "cloud услуги", истовремено беа погодени од прекин во работата, што предизвика широко распространети интернет-нарушувања кај бројни големи компании ширум светот.
Според податоците на „Downdetector“, проблемите започнале околу 11:30 часот по источновременска зона, со најголем број пријави од корисници кои не можеле да пристапат до услуги, веб-страници или апликации поврзани со облакот.

Погодени десетици глобални платформи
Прекинот, според првичните извештаи, зафатил десетици платформи кои се потпираат на овие облачни мрежи, вклучувајќи ги „Microsoft 365“, „Xbox“, „Outlook“, како и глобални компании како „Starbucks“, „Costco“ и „Kroger“.
Дури и популарни алатки за програмери и бази на податоци, како „Blackbaud“ и „Minecraft“, прикажуваат сериозни проблеми со поврзувањето.
„Downdetector“ регистрира нагли скокови во пријавите за проблеми и кај „AWS“ и кај производите на „Microsoft“, што потврдува дека прекините не се изолирани инциденти.

Истовремен пад на „AWS“ и „Azure“ – аларм за глобалната мрежа
Истовремениот дефект на „AWS“ и „Azure“ е особено алармантен, бидејќи овие две компании ја движат најголемата инфраструктура на интернетот, задолжена за хостирање на сè – од онлајн трговија и забава до деловни операции и "cloud" складишта.
Фрустрираните корисници ги преплавија социјалните мрежи со реакции и сарказам. Еден корисник на „X“ (поранешен Twitter) напиша:
„Прво падна „AWS“, сега и „Azure“. Обожавам кога неколку компании поседуваат половина интернет!“

Прекини што ја откриваат ранливоста на интернетот
Овој инцидент претставува втор сериозен прекин на „AWS“ во последните 10 дена, што повторно ја поведе дебатата за ранливоста на интернет-’рбетот, кој станува сè повеќе зависен од мал број "Cloud" корпорации.
Инженерите од „Amazon“ и „Microsoft“ соопштија дека спроведуваат истрага за причините на проблемот, но ниедна компанија засега не потврди дали двата прекина се поврзани.
Додека светот се потпира на "cloud" како на срцето на дигиталната економија, овој настан потсетува дека и најмоќните технолошки гиганти можат да паднат – и со себе да го повлечат целиот интернет.







