Слот по тешкиот пораз од Кристал Палас: Последниот пат кога ризикував…

Дерби

30/10/2025

11:23

379

Големина на фонт

а а а

Ливерпул го заврши настапот во англискиот Лига Куп и тоа откако на домашен терен беше преслушан од Кристал Палас со 3-0.

Клубот од Лондон е навистина незгоден ривал за „црвените“ и кога тие се комплетни и во форма, поточно вчеравечер немаа никаков проблем да се справат со експериментот на Арне Слот кој извади состав кој никогаш не играл заедно, па дури и на тренинг.

Многу млади играчи добија шанса, но тие не можеа да им парираат на избраниците на Гласнер кои многу добро знаеја што сакаат и забележаа заслужена победа.

Ова за Ливерпул беше шести пораз на последните седум натпревари, меѓутоа тренерот Слот не се кае и смета дека направил вистински избор со селекцијата на играчи за пресметката во Лига Купот.

- Секој може да има мислење за тоа, но со составот што го имаме – можеби 15, 16 играчи од првиот тим на располагање – ова е изборот што го направив. Не е во стандардите на Ливерпул да изгуби пет од шест, или шест од седум. Минатиот пат кога игравме против Саутемптон тука во Лига купот, Џовани Леони се повреди. Немаме толку голем состав како што луѓето би можеле да кажат. Имаше толку многу фокус на количината на пари што ги потрошивме. Луѓето одеднаш мислат дека имаме 25 играчи на располагање. Но, главно имаме 20 играчи, а потоа имаме четири повреди.

- На пример, имам само еден десен бек, Конор Бредли. Секој пат кога морав да го ставам во игра двапати во три дена или три пати во седум дена [минатата сезона] морав да го извадам од игра поради повреда на мускулот или нешто друго. Дали сте спремни да го преземете тој ризик со толку голема недела што доаѓа?

- Минатиот пат играв со играч кој не беше целосно подготвен — мислевме дека е подготвен, но беше прв пат — Исак, се повреди. Минатиот пат кога игравме против Саутемптон, Леони беше повреден и тоа беше црвен картон за Уго Екитике. Тоа се работите што не можеме да ги користиме со голема недела пред нас.

- Но, секогаш постои избор. Што ако ги играв Вирџил и Конате, на пример, ако еден од нив се повредеше, луѓето ќе рекоа „каков глупав избор!“ И исто така со [клучните играчи] беше многу тешко за нас, за нашите стартери да го победиме Палас бидејќи не е прв пат да губиме против нив, - порача Слот.

Ливерпул до репрезентативната пауза во ноември има дуели со Астон Вила, Реал Мадрид и Манчестер Сити.