[ВИДЕО] Стив Џобс секој ден му го поставувал истото прашање на својот вработен: Еве зошто го правел тоа

Точка

30/10/2025

15:00

827

Големина на фонт

а а а

Соосновачот на компанијата „Apple Inc.“, Стив Џобс, имал навика секој ден да му поставува исто прашање на својот вработен — од, како што сметал тој, многу важна причина.

Имено, поранешниот главен индустриски дизајнер Џони Ајв откри дека Џобс секој ден го прашувал: „Колку пати денес кажа ‘не’?“.

Ајв еднаш изјавил дека Џобс не барал од него конкретен број, туку сакал да го „натера“ да остане фокусиран. Според него, колку почесто човек вели „не“, толку повеќе се насочува кон својата цел, одбивајќи многу други можности — дури и кога звучат примамливо.

„Дисциплината да свртите грб на нешто во што страсно верувате, за да можете целосно да се посветите на она што е пред вас, е навистина извонредна“, објаснил Ајв зошто Џобс секојдневно му го поставувал истото прашање.

Тој додал дека ова може да биде непријатно, но дека е навистина ефикасно.

„Ова е повеќе од практика или навика. Тоа е навистина прекрасна способност“, рекол Ајв.

Ајв ја напушти компанијата во 2019 година. Денес работи за „OpenAI“. Стив Џобс почина во 2011 година, а многумина и денес го сметаат за визионер кој го промени светот.