[ВИДЕО] Итан Хок по многу години открива што научил од легендарниот Робин Вилијамс: „Не знаев дека е можно“

Точка

31/10/2025

09:31

1.051

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Итан Хок неодамна сподели важна животна лекција која ја научил од покојниот Робин Вилијамс.

Во интервју за „Венити фар“, 56-годишниот Хок се присети на времето кога заедно глумеа во филмот „Друштвото на мртвите поети“ (Dead Poets Society) од 1989 година. Во филмот, Вилијамс ја толкува улогата на Џон Китинг, ексцентричен професор по англиски јазик во училиште во развива длабока врска со своите ученици.

Хук, кој имал само 18 години кога филмот бил прикажан, го игра Тод Андресон, ученикот низ чија перспектива се развива целата приказна.

Уникатниот пристап на Робин Вилијамс

Хок посочи дека режирањето на Вилијамс било предизвик за режисерот Питер Вир, затоа што Вилијамс бил „комичен гениј“.

„Но, драмската глума на Робин тогаш беше сосема нова, а тоа што го видовме во просторијата, тој однос, е нешто што не се заборава“, рече Хок.

 Актерот открил и како Вилијамс работел на филмот:

„Робин Вилијамс додека снимаше ако имаше идеја, едноставно ја реализираше. Не бараше дозвола. Не знаев дека тоа е можно. Тоа ми отвори ’нови врати‘ во актерството и ми покажа дека можеш и така да се глуми“, рече Хок.


Хок додал дека Вир и Вилијамс имале многу различен начин на работа, но дека се почитувале и не се спротивставувале едни на други.

„Соработката меѓу нив беше возбудлива. Тогаш сфаќаш што може да направи одличната соработка. Не мора да бидеш ист, не мора да мразиш некого само затоа што е различен. Колективната имагинација може да стане многу, многу моќна, затоа што филмот станува поголем од перспективата на една личност. Содржи повеќе гледишта“, заклучил Хок.

Наследството на Робин Вилијамс

Робин Вилијамс подоцна стана една од најомилените светски икони. По борбата со неизлечивата болест тој си го одзеде животот на 63-годишна возраст во својата вила во Сан Франциско во 2014 година.