[ФОТО] Сите зборуваат за Селена Гомез – нејзиниот фустан ги засенил присутните на црвениот тепих, а насмевката ги освоила погледите

Точка

01/11/2025

12:13

1.298

Големина на фонт

а а а

Селена Гомез заблескала во впечатлив виолетов мини фустан на настанот „Rare Impact Fund Benefit“ одржан во Лос Анџелес.

33-годишната пејачка и актерка која неодамна прослави еден месец од брак со продуцентот Бени Бланко, воодушевила со стајлингот на црвениот тепих во придружба на домаќинот на вечерта, комичарот Џими Кимел.


Селена на настанот носела мини-фустан којшто бил во розова боја, со тенки рамчиња и наметка од нежна ткаенина која се спуштала низ нејзините раце до подот.

Целокупниот изглед Селена го надополнила со елегантни салонки во иста нијанса на боја и сребрен накит. Сите биле воодушевени од нејзиниот изглед.

Нејзината темна коса била пуштена и благо навиткана на краевите, со патец на средина, додека пак шминката била едноставна и природна – светли сенки, руменило кое ги нагласувало јаболчниците и мат кармин во боја на кожа.


Селена блескала пред камерите, а фотографите ја забележале нејзината насмевка додека позирала со организаторите на настанот.