Јеремај шоу во Шпанија: Пред еден месец достави кандидатура за гол на сезоната, а сега режираше асистенција на годината

Дерби

03/11/2025

13:43

523

Големина на фонт

а а а

Јеремај Ернандес пред еден месец достави кандидатура за гол на сезоната во Шпанија, но новиот месец ноември го започна со нова бравура, овојпат во улога на асистент.

Талентираниот фудбалер на Депортиво Ла Коруња без никаков сомнеж е играч кој најмногу отскокнува во шпанската Сегунда, а сега во дербито на двата поранешни прволигашки, тимот од Галиција славеше против Сарагоса со 0:2.

Првиот гол кој го постигна Соријано на стартот на првиот дел беше навистина прекрасен, но цела Шпанија сега зборува за аситенцијата на Јеремај.

Крилниот фудбалер на Депортиво претрча 60-тина метри пред да се најде во шеснаесетникот на домаќините, но наместо да шутира, реши да режира додавање со пета.

Јеремај покажа завидна луцидност и го проигра Мелја, а овој со мирна реализација ги постави конечни 0:2.

По кандидатот за гол на сезоната, Јеремај вчера сега достави и кандидат за асистенција на сезоната во Шпанија.

Хајлајт од натпреварот погледнете ТУКА.