Лука Модриќ пишува нова страница во својата извонредна фудбалска кариера, бидејќи Хрватот игра на највисоко можно ниво во италијанската Серија А на 40-годишна возраст.
Иако многумина гледаа со скептицизам на неговиот трансфер во Милан, Модриќ многу брзо докажа дека се уште игра фудбал на врвно ниво, а како ветеран кој е се поактуелен во Италија, сега беше подоложен и на еден интересен тест.
Модриќ доби за задача да ги избере петте најдобри играчи во историјата, а покрај тоа што не избра ниту еден поранешен соиграч од Реал Мадрид, реши да ги изостави и Роналдо и Меси.
Лука на прво место го стави Диего Марадона, потоа го спомена Франческо Тоти, додека место во своите топ пет најде и за Роналдо Назарио.
Својата листа не можеше да ја остави без идолот Звонимир Бобан, а после мало размислување, Модриќ како петто име го спомена Зинедин Зидан.
Top 5 by Modrić pic.twitter.com/JXkXh8NQTB
— Stop That Zizou (@StopThatZizou) November 2, 2025






