Новата „Toyota Hilux“ го открива своето лице – доаѓа уште помоќен и помодерен пик-ап

Точка

03/11/2025

19:31

947

Големина на фонт

а а а

Новата генерација на популарниот пик-ап носи поостар надворешен дизајн, со потенки LED фарови, нагласен браник и препознатлива маска на ладилникот со голем натпис на брендот.

По месеци шпекулации и „шпионски“ фотографии во медиумите, „Toyota“ потврди дека новиот „Hilux“ ќе биде официјално претставен на 10 ноември во Тајланд.

Како најава за премиерата на оваа нова генерација на легендарниот модел, јапонскиот производител објави и прв „teaser“ што открива дел од изгледот.

Агресивен изглед и SUV чувство во внатрешноста

Новиот „Hilux“ добива помодерен и поагресивен изглед – потенки LED фарови, поистакнат преден браник, и маска со голем логотип „Toyota“, која доминира во предниот дел. Профилот останува типичен за ваков тип возила – двокабински распоред со широки крила и нагласени линии, додека на задниот дел се забележуваат нови аглести LED светла и дискретен спојлер на капакот на товарниот простор.

Иако внатрешноста сè уште не е целосно откриена, најавена е значително модернизирана кабина со дигитални инструменти, голем централно поставен мултимедијален екран и поквалитетни материјали, кои треба да создадат впечаток дека се наоѓате во SUV возило.


Механика и перформанси

Под хаубата се очекува 2.8-литарски турбодизел мотор со благ хибриден систем, кој развива 204 коњски сили и 500 Nm вртежен момент, комбиниран со автоматски менувач и погон на задните или на сите тркала.

Новиот „Hilux“ останува верен на својата робустна конструкција – користи подобрена верзија на постојната „IMV“ платформа, а не новата „TNGA-F“ механичка основа што ја користат моделите „Tacoma“ и „Land Cruiser“.


Производство и конкуренција

Премиерата е закажана за 10 ноември, кога ќе бидат објавени и сите останати технички детали.

Производството на новиот „Hilux“ ќе се одвива во Тајланд, од каде ќе се извезува на бројни светски пазари, каде ќе се соочи со сериозната конкуренција – „Ford Ranger“, „VW Amarok“, „Isuzu D-Max“, „Mazda BT-50“ и „Mitsubishi Triton“.