Фирмино за „црната мачка“ во својата кариера во Ливерпул: Добро ја паметам ноќта во Париз…

Дерби

04/11/2025

13:16

316

Големина на фонт

а а а

Роберто Фирмино освои се што може да се освои како член на Ливерпул и запиша големи успеси како голема ѕвезда во тимот на Јирген Клоп, но и покрај се, Бразилецот има натпревари за кои посебно жали, а еден од нив е финалето во Париз против Реал Мадрид.

Фирмино играше во три финалиња на најелитното натпреварување како член на Ливерпул, на едно оствари победа, додека на две загуби од Реал Мадрид.

Севкупно гледано, Фирмино не оствари ниту една победа на шест натпревари против Реал (пет порази и едно реми), но посебно во сеќавање му останува финалето од Париз во 2022-ра година кога Реал победи со една шанса.

– Точно е, Реал Мадрид е „црната мачка“ во мојата катиера. Загубивме две европски финалиња од нив, не е тоа било кој натпревар. Беше жално и многу ме болеше, но загубивме од Реал Мадрид, а не од било кој.

– На првото финале во Киев бев доста неискусен, но на второто, имавме голем број шанси, а Реал не победи само со една. Реал победи како и секогаш, доволна им беше една шанса. Добро се сеќавам на тој натпревар, добро паметам што правеше Куртоа на голот…., – се потсетува Фирмино во интервјуто за „Марка“.

Ливерпул и Реал Мадрид вечерва ќе одиграат ново европско дерби во Лигата на шампиони, а за разлика од минатото, „црвените“ ланската сезона го скршија малерот и после долго време остварија победа над Реал (2:0).