Актерката Ева Лонгорија искрено проговори за животните предизвици и пропаднатите бракови, истакнувајќи дека не би променила ништо, бидејќи „го сака својот пат“.
Педесетгодишната Лонгорија, најпозната по улогата на Габриел Солис во хит-серијата „Очајни домаќинки“ (Desperate Housewives), пораснала во Тексас, а љубовта кон глумата ја открила по победата на еден натпревар за таленти кој ја одвел во Лос Анџелес, каде што наскоро ја забележал агент.
Иако многумина ја гледаат како симбол на успех, нејзиниот пат до врвот не бил лесен. Кога пристигнала во Холивуд со само шест долари во џебот, Ева со месеци едвај ги покривала трошоците, работела четири години како „ловец на таленти“ за да ги плати сметките, а нејзините први телевизиски ангажмани биле кратки епизодни улоги во сериите „Беверли Хилс 90210“ и „Генерал Хоспитал“.
Големиот пресврт во нејзината кариера дојде со улогата на Габриел Солис во „Очајни домаќинки“, која ја направи препознатлива не само во Америка, туку и низ целиот свет.
„Го сакам својот пат, моментот кога пристигнав во Холивуд со шест долари на сметка, неуспесите, падовите … токму тие ме направија тоа што сум денес. Преку нив растев и учев“, вели Лонгорија.
Во интервју за британскиот „Сан“, актерката зборуваше и за своите најтешки периоди:
„Се натпреварував за улоги, работев на неколку работни места истовремено, плаќав кирија, ги враќав студентските долгови … но не би ги сменила тие моменти. Тие ме обликуваа и ме научија да го ценам местото каде што сум денес.“
Ева се осврнува и на љубовниот живот. Иако има зад себе два неуспешни брака, таа не жали за нив.
„Никогаш не би ѝ рекла на својата помлада верзија да не се омажи за овој или оној човек. Не сакам да ги бришам своите грешки, го сакам патот по кој одев, со сите негови дупки и падови“, искрено вели таа.
Денес Лонгорија е во среќен брак со Хозе Бастон, со кого има седумгодишен син, Сантијаго. Претходно била во брак со актерот Тајлер Кристофер (2002 – 2004) и со кошаркарот Тони Паркер, со кого се венчаше во Париз во 2007 година, а се разведе во 2011 по неговата скандалозна афера.
На крај, Ева ја откри и тајната на среќниот брак:
„Хозе ме насмевнува и ме поддржува во сè што правам, а јас него. Не се натпреваруваме. Тоа е вистинската хармонија“.










