Иако пред три години биле на работ на развод, Силвестер Сталоне и Џенифер Флејвин успеале да го спасат својот долгогодишен брак и да го продолжат заедничкиот живот.
Тоа не им било прв пат да минуваат низ криза – слична ситуација имале и во деведесеттите години, кога актерот ја изневерил со манекенка и на груб начин ја раскинал врската. Но, се покажало дека имал среќа што Џенифер тогаш му простила.

За холивудскиот актер Џенифер всушност била „третата среќа“. Пред неа, Сталоне бил двапати оженет. Првата сопруга, актерката Саша Чак, му подарила два сина – Сејџ и Серж. За жал, Сејџ почина на 36 години поради срцеви проблеми, додека на Серж уште како дете му бил дијагностициран аутизам.
По разводот, Сталоне „вплови“ во брак со данската манекенка Бриџит Нилсен, позната по својата висина и впечатливиот изглед. Меѓтуао, тој брак не траеше долго, па средбата со Џенифер донела ново поглавје во неговиот живот.

Силвестер и Џенифер се запознале во 1988 година во еден ресторан во Беверли Хилс. Кога во Холивуд се дознало дека легендарниот Роки повторно се заљубил, тоа станало вест број еден. Нивната врска брзо напредувала – се вериле и планирале венчавка. Сепак, малку недостасувало сè да пропадне пред да стигнат до олтарот.
Првиот сериозен раскол во нивната врска го предизвикала манекенката Џенис Дикинсон. Сталоне имал кратка афера со неа и во 1994 година решил да ја остави Џенифер. Тој тоа го направил на прилично необичен, многумина би рекле и кукавички начин – разделбата ѝ ја соопштил со писмо. За Џенифер тоа било огромен шок и тежок удар.

Набрзо потоа Џенис ја родила ќерката Савана, а актерот верувал дека тој е таткото. Девојчето дури го носела неговото презиме, сè додека тестот за ДНК не го покажал спротивното. Кога ја дознал вистината, Сталоне ја прекинал врската со Џенис и ѝ се вратил на Флејвин, која пронашла сила да му прости.
Во 1997 година, парот конечно го изговорил судбоносното „да“ во луксузниот лондонски хотел „Dorchester“. Во бракот добија три ќерки – Софија, Систин и Скарлет кои денес се успешни и познати млади жени.
Во август 2022 година, американските медиуми објавија вест дека Сталоне и Флејвин се разведуваат. Наводно, Џенифер го обвинувала дека криел дел од заедничкиот имот. Дека во бракот не цветаат рози, потврдил и самиот актер кога тетоважата со нејзиното лице на бицепсот ја преработил – наместо нејзиното лице, сега на тоа место се наоѓа слика од куче.

Сепак, иако сè укажувало на конечен крај, парот успеал да ги надмине разликите и да го обнови својот однос. Нивната врска, која трае повеќе од три децении, повторно докажа дека вистинската љубов може да издржи и најголеми предизвици.