Германскиот автомобилски гигант дава до 650.000 евра отштета: Вработените може со задоволство и доброволно да си дадат отказ!

Супермен

20/10/2026

09:45

1.154

Големина на фонт

а а а

Германскиот производител на автомобили „BMW“ на поединечните вработени им понудил отштети од повеќе од 650.000 евра за доброволно да ја напуштат компанијата. Интересот за програмата бил толку голем што внатрешниот портал за проверка на понуди привремено престанал да работи, а компанијата ги суспендирала новите апликации за да ги обработи пристигнатите барања, објавува „Handelblatt“.

„BMW“ ја започна програмата за доброволни заминувања на 8 октомври, а десетици илјади вработени добија известувања за евентуални отштети. Компанијата го потврди големиот интерес, но официјално не потврди дека тоа предизвикало технички проблеми на порталот. Не е познато кога апликациите повторно ќе бидат овозможени, пишува „SEEbiz“.


Највисоките износи не се вообичаени и се однесуваат на поединечни случаи. „BMW“ не сакаше да коментира за конкретните износи на отштетите, наведувајќи дека не дава детали за поединечните договори со вработените.

Компанијата планира да елиминира околу 8.000 работни места низ целиот свет до крајот на 2027 година. Програмата во Германија е наменета за приближно 40.000 вработени, првенствено во администрацијата, менаџментот, истражувањето и развојот, додека работниците директно ангажирани во производството не се опфатени.

Висината на отштетата зависи од платата и должината на работниот стаж во компанијата, а на вработените им се нудат дополнителни премии за предвремено заминување. Според документите до кои „Handelblatt“ имал пристап, планираните датуми на заминување се 31 март и 31 октомври 2027 година.


Отштетата може да се исплати одеднаш или на рати, а под одредени услови дел од парите може да се насочи кон пензиски заштеди.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk