Играч на Орландо го навлече гневот кај фановите со уличарски потег во НБА лигата

Дерби

05/11/2025

12:40

434

Големина на фонт

а а а

Дезмонд Бејн веќе некое време е предмет на критики поради лошите партии кои ги има во НБА лигата, но од рано утрово, лошите коментари на неговата сметка се уште поактуелни.

Причина за тоа е уличарското однесување кое го презентираше играчот на Орландо на натпреварот против Атланта, дуел на кој целосно се исклучи во ситуација кога се враќање во одбрана.

Акцијата започна со негов нереализиран обид за три поени, но ситуацијата ескалираше во обидот да спречи лесни поени за противничкиот тим.

Бејн го повлече Онјеку Оконгву за подлактицата и го урна на земја, а додека противникот паѓаше, реши да го удри и со топка.

Ѕвездата на Орландо доби исклучување за овој непотребен и непрофесионален потег, што воедно и беше потврда за падот кој го имаше Орландо на натпреварот кој на крајот го загуби со 127:112.