Нутриционистка предупредува: Овие четири намирници го забрзуваат стареењето, а многумина ги јадат секој ден

Точка

06/11/2025

15:32

749

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за забавување на стареењето и намалување на ризикот од хронични болести, исхраната игра многу поголема улога отколку што мислиме.

Според зборивите на Хајди Морети, нутриционистка и диететичарка со над 25 години искуство, многу вообичаени намирници во западната исхрана всушност го забрзуваат стареењето однатре.

„Овие видови храна го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, го поттикнуваат воспалението и ги оштетуваат клетките што ги одржуваат нашите тела млади и отпорни“, вели Морети за „Ши фајндс“ (SheFinds).

Таа истакнала четири видови намирници што предизвикуваат болести поврзани со стареењето, а кои повеќето луѓе ги јадат секој ден.

Печива и мафини


„Овие видови преработени житарки речиси и немаат хранлива вредност“, објаснува Морети.

Тие го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, што го зголемува инсулинот и предизвикува воспаление низ целото тело. Со текот на времето, ова воспаление ги оштетува ткивата, го забрзува стареењето и го зголемува ризикот од болести како дијабетес и срцеви болести.

Сендвичи (брза храна, деликатеси)

Комбинацијата од рафинирани житарки и преработено месо е рецепт за воспаление, предупредува Морети.

„Овие видови сендвичи се полни со преработени состојки кои предизвикуваат скокови на шеќерот во крвта и содржат несакани хемикалии“, вели таа.


Резултатот е помал внес на хранливи материи, повисоки нивоа на инсулин и оксидативен стрес – сите фактори што го забрзуваат стареењето на клетките.

Тестенини

Повеќето комерцијални тестенини се високо рафинирани, што доведува до скокови на шеќерот во крвта и поттикнување на воспалението.

„Редовната консумација на преработени тестенини придонесува за високи нивоа на шеќер во крвта и хронично воспаление, два клучни двигатели на стареењето“, истакнува Морети.


Дури и тестенините од цело зрно можат да бидат проблематични ако се јадат во прекумерни количини, бидејќи сепак влијаат на нивоата на гликоза.

Бел ориз

Додека мали количини ориз можат да се вклопат во балансирана исхрана, консумирањето бел ориз секој ден може да биде штетно со текот на времето.

„Белиот ориз предизвикува скокови на шеќерот во крвта и има мала хранлива вредност. Повторените скокови водат до оштетување на ткивата и забрзано стареење“, нагласува Морети.


Забавувањето на стареењето не започнува со кремови или додатоци, туку со она што го ставаме во нашите чинии.

„Високото ниво на шеќер во крвта, воспалението и оштетувањето на митохондријата се најголемите забрзувачи на стареењето. Со намалување на внесот на преработена и рафинирана храна, можеме да им помогнеме на нашите клетки, на нашите црева и на нашата долговечност“, заклучила експертката.