Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот

Макфакс

06/11/2025

15:02

1.809

Големина на фонт

а а а

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит-пазар, во сопственост на маж кој моментно живее во Италија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што наведуваат од МВР, сопственикот на куќата, идентификуван како Е. Р., набргу по инцидентот добил порака со закана во која му било соопштено дека во неговото возило е поставена бомба. По пријавата, полициски службеници излегле на местото и при извршниот преглед кај неговиот автомобил „фиат“, со скопски регистарски ознаки, пронашле рачна бомба „М75“, прицврстена со жица на рачката од возачката врата.


Дополнително, при преглед на друго возило „фиат“, со италијански регистарски ознаки, сопственост на брат му А. Е., кој исто така живее и работи во Италија, во багажникот била пронајдена кутија со 100 куршуми во калибар 7,62 милиметри за автоматско оружје.

Полициски екипи ја обезбедиле локацијата, а бомбата е безбедно отстранета. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.