Камила Меконахи му упати јавна честитка на својот сопруг по повод неговиот 56-ти роденден и многу лесно со тој гест го „сруши“ интернетот.
Славниот актер Метју Меконахи наполни 56 години, а по тој повод се огласи и неговата сопруга Камила на социјалните мрежи, која му го честиташе роденденот со една посебна фотографија.
„Среќен роденден, драги. Денес те славиме тебе, но тоа, всушност, секогаш го правиме – затоа што ти си светлината на нашите животи. Ти благодарам што си ти - ти“, напиша таа во описот под фотографијата.
На објавата, Метју позира без маица, па можеби Камила и се покајала што го „рекламира“ на овој начин, бидејќи жените во коментари едногласно го пофалија неговиот изглед во шестата деценија од животот.
Љубовта на Метју и Камила
Метју Меконахи ја запознал љубовта на својот живот во едно кафуле во Лос Анџелес, и како што подоцна истакнал, тоа била љубов на прв поглед. Се венчале шест години подоцна и заедно имаат три деца.

Славниот актер еднаш ги насмеа обожавателите кога откри дека тајната на нивниот брак е – помал кревет, бидејќи сфатиле дека во поголем се оддалечуваат еден од друг.







