Тотенхем планира да се засили со потврден премиерлигашки голгетер

Дерби

07/11/2025

11:23

162

Големина на фонт

а а а

Премиер лигата загуби еден од најефективните голгетери со трансферот на Ајван Тони во редовите на Ал Ахли, но англискиот напаѓач би можел да се врати на островот уште во јануари.

Последните шпекулации велат дека Тотенхем е расположен да му понуди камбек на Тони на премиерлигашката сцена, при што тој би се обидел да се наметне за враќање во националниот тим.

Тони постигна многу голови за Ал Ахли, но смета дека селекторот Томас Тухел ќе им даде предност на играчите кои играат во Европа, со што тој ќе извиси за настап на мундијалот во 2026 година.

Тотенхем пак има проблем со ефикасноста и честите повреди на напаѓачите, па затоа Тони се наметнува како перфектно решение и подобрување на офанзивниот сегмент во вториот дел од сезоната.

Соланки често отсуствува поради повреди, Коло Муани се уште се адаптира, а Тел засега не донесе посакуван ефект, па менаџерот Томас Франк веројатно со прави направил проценка дека Тони може да му реши многу проблеми во желбата да се стигне до што повисока позиција сезонава.