[ФОТО] Уште едно секси издание на убавата новинарка: Италијанката повторно провоцира со бујното деколте

Супермен

07/11/2025

12:36

1.349

Големина на фонт

а а а

Дилета Леота секојпат кога ќе објави нова фотографија, тоа е вистински празник за очи — иако овојпат доживеала и една „мала незгода“.

Италијанската спортска новинарка Дилета Леота со задоволство споделува интересни кадри со своите следбеници на „Инстаграм“. Главната ѕвезда на тие објави речиси секогаш е таа самата — во нејзините заводливи модни изданија, кои често предизвикуваат лавина од коментари, и позитивни и негативни.

Сепак, сите критики не ја поколебаа ниту исплашија. Италијанката продолжува по своето — овојпат објави серија фотографии направени пред снимањето на една емисија, каде повторно блесна во својот препознатлив, провокативен стил.


„Уште една сцена, уште една емоција. Секој настан е прилика за поврзување, учење и издигнување на идеите“, напиша таа под објавата.

Заводливата новинарка позирала во тесен црн фустан со интересен изрез во пределот на градите, кој дополнително го истакнал нејзиното деколте. Целиот стајлинг бил збогатен со впечатлив сребрен накит.

Покрај фотографиите, Дилета сподели и кратко видео во кое се гледа една мала незгода — додека се фотографирала во лифт, вратите почнале да се затвораат и ѝ ја „приклештиле“. За среќа, сè завршило без последици.


И овојпат таа го искористи моментот за да се пошегува на своја сметка, а коментарите под објавата се интересни.

„Дури и лифтот те посакува“, ѝ напишал еден обожавател.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk