ФФМ одреди популарна цена за билетите и побара поддршка за младинците во Битола

Дерби

07/11/2025

12:52

177

Големина на фонт

а а а

Младинската репрезентација на Македонија ќе ги продолжи квалификациите за ЕП со две средби на домашен терен, а тие ќе се играат на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Денеска ФФМ објави почеток на продажбата на билетите за дуелите на Македонија У-21 со Шведска и Полска, а истите ќе бидат достапни по популарна цена од 200 денари.

Избраниците на Горан Станиќ ќе се обидат да соберат уште некој бод откако досега имаат една победа, а ФФМ ги повика фановите да го наполнат стадионот во Битола и да дадат посакувана поддршка за нашите надежи.

– Македонската репрезентација до 21 година на 13 и 18 ноември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе одигра два домашни натпревари од квалификациите за Европското првенство 2027.

Продажбата на билети за натпреварите на македонската репрезентација против Шведска и Полска се одвива преку електронската платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk и во продажните места на Димпо Тобако во Битола. Цената на билет изнесува 200 денари.

Бидете поддршка за нашите фудбалски надежи во важните квалификациски натпревари, – стои во соопштението на ФФМ.