[ФОТО] „Pocket“: Еден од најневообичаените додатоци за Ајфон

Супермен

12/11/2025

16:21

313

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Епл“ претстави нов додаток со „лимитирано издание“ за Ајфон наречен „iPhone Pocket“.

Всушност, станува збор за футрола која наликува на чанта, изработена од ЗД плетена конструкција со ребреста мрежеста структура, која нуди доволно простор за Ајфон, „AirPods“ и други ситници. Додатокот го дизајнирало легендарното „Issey Miyake Design Studio“, кое ги изработило и култните црни ролки што ги носел Стив Џобс.



„Pocket“ може да се носи како чанта за преку рамо или на рачниот зглоб, а може да се закачи и на чанти. Достапен е во верзии со кратки и долги ремени и е компатибилен со сите Ајфон телефони почнувајќи од Ајфон 8, како и со сите модели на „AirPods“.



Верзијата со краток ремен е достапна во лимета, мандарина, како и виолетова, розова, паунова, сафирна, циметна и црна боја, а се продава по цена од 149,95 долари.


Дизајнот со долг ремен е достапен во сафир, циметна и црна боја и чини 229,95 долари.


„iPhone Pocket“ на Епл ќе биде достапен од петок, 14 ноември, во одбрани продавници на Епл низ Франција, Кина, Италија, Јапонија, Сингапур, Јужна Кореја, Велика Британија и САД.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk