Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека утрово ја одржал традиционалната средба по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.
„На денешен ден, Скопје ја дочека слободата донесена од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор. Тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина, за Скопје какво што денес го имаме. Нашата должност е да ја чуваме нивната жртва жива, со тоа што ќе го градиме Скопје како град на слободни, горди и обединети луѓе“, напиша Ѓорѓиевски.
♥️ Утрово ја одржавме традиционалната средба по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, со претставници од...
Posted by Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski on Thursday, November 13, 2025







