Лукровски го доби уверението за градоначалник на општина Карпош

Макфакс

13/11/2025

13:40

164

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Општинската изборна комисија на Карпош (ОИК), Александар Мусалевски, денеска му го врачи Уверението за мандатот на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и му посака успешна работа во управувањето со локалната самоуправа.

Градоначалникот Лукровски им се заблагодари на сите членови на Општинската изборна комисија за добрата работа, а на советниците им го честиташе нивниот избор, при што им посака добро здравје и успешно справување со претсојните работни предизвици.

„Во мене нема да имате само градоначалник, туку и пријател и колега чија врата ќе биде ширум отворена за соработка. Кај мене ќе бидете добредојдени за да ги разгледаме сите отворени прашања, да се консултираме и заедно да изградиме еден поубав Карпош“, посочи Лукровски.

Претседателот на ОИК – Карпош им ги додели Уверенијата за мандатите и на 27 советници, кои во претстојниот четиригодишен мандат (2025-2029) ќе ги застапуваат интересите на карпошани во општинскиот Совет.