Во време кога вработените денес често се чувствуваат недоволно ценети на своите работни позиции, сопственикот на ланецот за брза храна „Baking Bread“, Мише Цвејевски, покажа дека лојалноста и посветеноста на работата сè уште имаат вистинска вредност.
Со гест кој ретко се гледа особено кај нас, тој му подари автомобил на својот долгогодишен вработен Антонио. Тој е дел од тимот на „Baking Bread“ од самиот почеток, кога Цвејевски немал ништо, а денес стои зад успехот на компанијата.
„Гинеше со мене кога беше најтешко. За ништо никогаш не ме одби и не кажа не. Никогаш ништо не побара, а даваше сè за фирмата“, вели сопственикот кој додава:
„Ова не е поклон, ова е твоја лична заслуга. Ова е фала од мене за сите години лојалност и труд во Baking Bread. За тоа што поминавме, и за тоа што следи“, стои во објавата на социјалните мрежи.
Ваквиот гест на Цвејевски потсетува дека успехот не се мери само со бројки, туку и со луѓето кои стојат зад нив и е вистински пример за сите останати работодавци.







