Тонали има отворени рани од понижувањето во Осло: Натпреварот со Норвешка е многу важен

Дерби

14/11/2025

13:40

421

Големина на фонт

а а а

Италија има невозможна мисија пред себе и невозможно е да го надополни гол-количникот кој е во корист на норвешката фудбалска репрезентација, па токму поради тоа, „аѕурите“ се помирија со пласман во баражот за Светско првенство уште пред да дојде на ред натпреварот од последното квалификациски коло.

Тимот на Џенаро Гатузо врза шест победи во низа и има позитивна гол разлика од 12 голови, но Норвешка има +29 и треба да се случи нешто нереално за да видиме директен пласман на Италијанците како лидери во групата.

Во моменти кога италијанската јавност е помирена со нови два бараж натпревари за избегнување на нов срам и отсуство од трето Светско првенство, Сандро Тонали пронаоѓа доволна мотивација за да се режира слатка одмазда против Норвежаните, особено поради тоа што поразот во Осло предизвика голем потрес во националниот тим, кој резултираше и со отказ за Лучијано Спалети.

– Натпреварот со Норвешка ни значи многу. Можеби нема да ни ги залечи раните, но ќе ни помогне да продолжиме напред со самодоверба.

– Треба да ги завршиме квалифкациите на највисоко ниво. Реагиравме добро после срамот во Осло, тоа беше натпревар на кој имавме огромни проблеми и со кои се соочивме во изминатите месеци. Се соочивме со сите напади кои следеа после тоа, а во фудбалот секогаш добивате шанса да се поправите. Наше е да излеземе на теренот и да дадеме се од себе за победа на домашен терен, – изјави Тонали.