Барселона максимално ќе го испочитува Аргентинецот, Меси ќе добие статуа пред „Камп Ноу“

Дерби

14/11/2025

14:22

398

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси дефинитивно е најдобриот играч во историјата на Барселона, ас кој остави неизбришлива трага во шпанскиот великан, ас кој постави многу рекорди, донесе многу титули и едноставно овозможи долго време тимот на биде на врвот или при самиот врв на европскиот и светскиот фудбал.

Тој не го напушти клубот на посакуван начин, меѓутоа за тоа постојат објективни причини затоа што Барса во дадениот момент мораше да го пушти поради финансиски причини иако се во таа 2021 година водеше кон тоа дека напаѓачот ќе потпише нов договор.

Меѓутоа се случи што се случи, Лео и денеска по се изгледа му е лут на Жоан Лапорта и неговите соработници, но токму актуелниот претседател најави дека се работи на тоа да Аргентинецот добие статуа пред реновираниот „Камп Ноу“.

- Сите ние, кулес, би сакале да имаме статуа на Лео Меси на „Камп Ноу“. Работиме на тоа и ако семејството сака, кога ќе го имаме дизајнот, ќе разговараме со нив, - истакна Лапорта кој пак претходно исто така порача:

- Сосема е во ред Лео да ја добие најубавата почит на светот. Кога ќе биде завршена, ќе имаме капацитет од 105.000 навивачи, па би сакале да биде таму. Работиме на оддавањето почит и на тоа да се осигураме дека може да се види најдобриот фудбал во светот, а како дел од оддавањето почит, сакаме да му ја оддадеме на Лео почитта што ја заслужува, - порача претседателот на составот од Каталонија.