Подгответе се! Цените на телефоните и лаптопите ќе скокнат следната година, а за сè е виновна една "мала" работа

Точка

17/11/2025

22:01

2.992

Големина на фонт

а а а

Сè поголемата побарувачка за моќни чипови наменети за операции поврзани со вештачката интелигенција може веќе наредната година да предизвика недостиг на чипови за автомобили, телефони и различна потрошувачка електроника. Според аналитичарите, ваквата ситуација неминовно ќе доведе до раст на цените.

Производителите на меморија денес заработуваат значително повеќе од производство на скапи, напредни мемориски чипови за AI сервери, отколку од класични чипови за телефони, лаптопи или автомобили.

AI серверите, особено оние кои користат процесори на компанијата „Nvidia“, бараат специфичен тип меморија познат како "HBM" (High-Bandwidth Memory).

Оваа меморија е екстремно брза и технолошки сложена, што им овозможува на компаниите да ја продаваат по многу повисоки цени.


Поради тоа, производителите ги пренасочуваат своите капацитети кон "HBM" со цел да ја зголемат заработката, намалувајќи ја производството на стандардна "DRAM" меморија за секојдневни уреди.

Овој тренд доведува до тоа обичната меморија да стане поретка и поскапа, што на крај се одразува врз потрошувачите преку зголемени цени на уредите.


Извршниот директор на шангајската компанија за полупроводници „SMIC“, Жао Хаиџун, изјави дека купувачите стануваат сè повнимателни при нарачките поради неизвесноста во снабдувањето со мемориски чипови.

Агенцијата „TrendForce“ истакнува дека индустријата на мемориски чипови влегува во нов период на значајни поскапувања, што ќе резултира со зголемување на цените на паметните телефони, лаптопите и другите производи наменети за крајните потрошувачи.