[ФОТО/ВИДЕО] Од парче пица, преку гондола, до најпознатиот пијалак во градот: Еден ден во Венеција нема да ве чини многу

Точка

19/11/2025

09:40

618

Големина на фонт

а а а

Венеција во Италија, како една од најпосакуваните дестинации на светот, со години важела за еден од најскапите градови во Италија, па туристите често одат таму убедени дека ќе имаат многу трошоци.

Без оглед на тоа, сѐ повеќе патници одлучуваат да проверат колку оваа претпоставка е навистина точна и да го споделат своето искуство на социјалните мрежи.

Нивните впечатоци покажуваат дека реалната слика за градот не е толку драматична колку што се мисли. Од пристапни пијалаци и оброци до поволен начин да се обиколат венецијанските атракции, многумина заклучиле дека еднодневен престој може да се организира со значајно помал буџет отколку што се очекува.


Штом ќе слетате во Венеција, престојот веднаш започнува во ритамот на градот – од првото качување во превоз до влегување во тесното градско јадро каде има метеж, редови и секојдневните звуци на Венеција. Без голема динамика, туку онака како што вообичаените туристи мислат дека навистина изгледа.

Првата станица за многу од туристите е шприц – најпопуларниот пијалак во Венеција, без оглед на тоа дали ќе го испиете на плоштадите или покрај каналите, овој аперитив е дел од секојдневието. Во помалите барови овој пијалак чини 2 евра.


Од гондола до улична храна

Венеција исто така е синоним за романтика и традиција, па возењето со гондола за многумина е сон којшто сакаат да го доживеат барем еднаш. И во овој случај туристите пронашле начин да уживаат без големи трошоци: делење возење со други посетители е поевтино, цената се спушта на околу 23 евра по лице.

Уште една скапоценост е панорамската тераса Fontego dei Tedeschi која има поглед кон каналот Гранде. Погледот е спектакуларен и целосно бесплатен, доволно е само однапред да си резервирате влез.


Одгоре градот изгледа како златен мозаик: црвени кровови, куполите на базиликата Свети Марко и каналите кои течат како живи водни вени. Тоа е момент во којшто имате чувство како да сте ја прегрнале Венеција со поглед, а да не сте потрошиле ни цент.

Тестенини 8 евра, парче пица 4,5 евра, кафе 2 евра

Ни ручекот или вечерата не се многу скапи. Туристите раскажале дека јаделе свежи тестенини за носење за 8 евра, подготвени пред нив или крцкаво парче пица за 4,5 евра. А, за слатко завршување на денот еспресото чини околу 2 евра, слично колку и кај нас.


На крајот на денот, после прошетката по мостовите и погледот на отсјајот којшто се менува со боите на зајдисонцето, заклучокот е јасен:

Венеција воопшто не е недостижна дестинација, потребно е само да знаете како да ја доживеете.