МКД.МК: Во Маврово пак некој се обидува да „протне“ изградба на хотели без урбанистички план

Точка

21/11/2025

19:27

734

Големина на фонт

а а а

Вчера заврши рокот за јавен увид на изработен урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање градежни парцели, односно традиционални куќи за потребите на туризмот на територијата на Националниот парк Маврово. Медат Куртовски, градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, кој ги брои последните денови од неговото управување со општината, оваа одлука ја потпишал на 30 октомври, по завршувањето на првиот круг од локалните избори (19 октомври), кога веќе се знаеше дека нема да има втор круг во оваа општина. Куртовски не беше ни кандидат, но и покрај сите контроверзи во неговото работење за време на неговиот двоен мандат, тој до последен момент се обидува нешто да протне.

Во определениот рок, како што дознаваме, до Општина Маврово Ростуше стигнаа реакции од Националниот парк Маврово, од ЕСМ и од невладината организација Спас за Маврово.

Се работи за урбанистички проект во близина на одморалиштето Бунец, во атарот на селото Дуф каде што има далекуводи и резервоари за вода. И тука се користи формулацијата „урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање градежни парцели ГП_1.1 со мешана намена М/А4.7, традиционални куќи за потреби на туризмот (селски, планински, езерски) и Б5.1 – хотелски комплекси, и ГП_1.2 со намена Е1.8 – трафостаница“. Ова, „вон опфат на урбанистички план за формирање градежни парцели“ е моделот кој се злоупотребува кога нема Детален урбанистички план. А тоа со години се прави во Маврово.


Според тимот на Спас за Маврово, изградба на хотелски комплекси (Б5.1) претставува значајна стопанска и туристичка инвестиција од поголем обем, која по својата природа генерира потреба од сеопфатно урбанистичко планирање. Таквиот зафат би имал сериозни импликации врз комуналната инфраструктура (водовод, канализација, електрична енергија…). Не случајно во планот е предвидена и трафостаница, сообраќајна мрежа… со што се доведува во прашање заштитата на животната средина.


„Самата намена и обем на планираните градби (хотелски комплекси) директно ја потврдуваат економската оправданост и неопходноста од донесување на детален урбанистички план. Системот на урбанистичко планирање, како што е уреден со Законот за урбанистичко планирање, има за цел да обезбеди одржлив и интегриран развој, а не парцијално решавање на просторот преку исклучоци кои се наменети за поединечни градби од помал обем каде донесувањето на цел план би било навистина економски неисплатливо“, пишува во писмото на Спас за Маврово доставено до Општина Маврово Ростуше.

Остатокот од текстот прочитајте го на MKD.MK.