Уапсен 16-годишник од Охрид: Силувал 12-годишно девојче, друг малолетник го снимал, а трет 14-годишник го уценувал девојчето

Макфакс

24/11/2025

11:48

5.378

Големина на фонт

а а а

Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот.

До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото.

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник. Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службен разговор.

По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.