„Нејмар одлучи да го ризикува сопственото здравје за да се обиде да го спаси својот Сантос“, објави бразилски „Globo“, додавајќи дека 33-годишниот Нејмар по секој тренинг ќе прави тестови на коленото за да се утврди дали доаѓа до нови оштетувања и проблеми, или пак коленото нормално го поднесува напорот.
Бразилскиот фудбалер Нејмар се врати на тренинзите со својот Сантос, иако лекарите му препорачале строго мирување поради повреда на левото колено.
Поранешниот играч на Барселона и ПСЖ учествувал на групниот тренинг со лента-ортоза околу левото колено, избегнувајќи директни дуели со соиграчите. Нејмар решил да го игнорира лекарското мислење затоа што сака да му помогне на својот клуб во завршницата на бразилската Серија А да го задржи прволигашкиот статус.

Три кола пред крајот, Сантос се наоѓа во зоната на испаѓање, на критичната 17-та позиција. Во моментов, на клубот му недостасува само еден бод за опстанок, колку што повеќе има Виторија на 16. место. Нејмар има намера да ги одигра последните три првенствени натпревари.
„Нејмар одлучи да го ризикува сопственото здравје за да се обиде да го спаси својот Сантос“, повторно наведува „Globo“, додавајќи дека 33-годишниот фудбалер по секој тренинг ќе се подложува на испитувања за евентуални нови оштетувања или воспаленија, со цел да се следи како коленото реагира на напорот.

Оваа година Нејмар се врати во својот матичен клуб Сантос, откако од 2023 до 2025 играше за Ал Хилал, клуб од Ријад.






