[ФОТО] Позната тенисерка не е истата личност откако ослабе: Осамна на насловна страница на списание

Супермен

02/12/2025

17:16

1.081

Големина на фонт

а а а

Откако драстично ослабе, легендарната тенисерка Серена Вилијамс не престанува да ја интригира јавноста.

Често е тема на светските медиуми, иако самата призна дека со помош на лекот „GLP-1“ успеала да ја доведе својата тежина до совршенство. Со тоа признание, таа „крена прашина“ во светот, која сè уште не се слегнала…


Но, сега повторно осамна на насловна страница и тоа во костим за капење. Имено, Серена се појави на насловната страница на списанието „Портер“ во многу атрактивно издание. Како што може да се види, таа позирала во едноделен костим за капење со изрези.


Ова не беше единствената модна комбинација што го придружуваше модниот едиторијал, па така имавме можност да ја видиме легендарната тенисерка и во други, шик комбинации.

Црн струкиран фустан со отворен грб, кафеав фустан што ја истакнал нејзината витката фигура, но и ретро издание што вклучувало предимензионира кожна јакна инспирирана од осумдесеттите години, биле составен дел од нејзиниот стајлинг.


Фотографиите ги објави на социјалните мрежи, а обожавателите беа повеќе од воодушевени. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk