Македонскиот модел и инфлуенсерка Илариа Кирилов повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи со објавите од нејзиниот престој во Тајланд, каде што помина неколку недели на егзотичен „зимски“ одмор.
Нејзините фотографии и видеа, кои многумина ги опишаа како кадри од туристичка кампања, собраа илјадници реакции и комплименти.
„Ја изгубив мапата, го пронајдов рајот – не праќајте помош“, напиша таа под една од објавите на која позира во сино танга бикини и шешир.
Кирилов престојуваше на неколку живописни тајландски локации заедно со Александар Динев, Евче и Викторија Лоба. Друштвото ги истражуваше знаменитостите, пробуваше локални специјалитети, уживаше во ноќниот живот и споделуваше весели моменти од патувањето.
Како и секогаш, Илариа не пропушти можност да објави серии фотографии од рајските плажи со тиркизна вода, каде што позира во танга бикини, нагласувајќи го своето згодно, извајано тело. Дел од објавите се направени и во друштво на животни кои слободно се движат по плажите, што дополнително ја нагласи егзотичната атмосфера.
Најголем интерес сепак привлече моментот кога инфлуенсерката позираше во кал, прегрнувајќи слон во засолниште за животни. Видно разнежнета, таа напиша дека слоновите ѝ станале омилен дел од патувањето, а во шега додаде дека би сакала „да си понесе една слоница дома“.
Патувањето дефинитивно ѝ донесе нов бран внимание, а со бројните реакции на социјалните мрежи, Илариа уште еднаш го потврди статусот на една од највлијателните и најследените македонски инфлуенсерки.























