[ВИДЕО] Селена Гомез и Бени Бланко ја украсија новогодишната елка: „Нашиот прв Божик како брачен пар“

Точка

06/12/2025

19:22

580

Големина на фонт

а а а

Селена Гомез и Бени Бланко официјално ја започнаа празничната сезона во нивниот дом, китејќи ја новогодишната елка за првпат како брачен пар. Пејачката и актерка сподели романтична објава на Инстаграм, откривајќи дел од нивната прва заедничка празнична традиција по свадбата.

На видеата и фотографиите се гледа како Гомез, облечена во удобен сив волнен џемпер и шорц, и Бланко со нежни насмевки поставуваат украси на елката. Во еден момент, додека ги додаваат последните детали, двајцата разменуваат бакнеж – кадар што ја освои публиката.

Во друго видео, парот се гушка пред светлечката елка, а на фотографиите се истакнуваат шарени декоративни детали и топлата атмосфера во домот.


„Нашиот прв Божик како брачен пар“, напиша Гомез во описот на објавата, додавајќи празнични емотикони.

Ова е првпат Гомез и Бланко да го украсат својот дом како сопружници, откако се венчаа на 27 септември во интимна церемонија во Санта Барбара пред околу 170 блиски пријатели и членови на семејството. Оттогаш, двојката редовно споделува моменти од нивниот заеднички живот, а празниците очигледно се нова традиција која со задоволство ја гради.


Пред само неколку дена тие го прославија и првиот Ден на благодарноста како брачен пар, организирајќи свечена вечера под отворено небо, со раскошна декорација и семејна атмосфера.

Селена тогаш со своите следбеници на Инстаграм сподели дел од атмосферата, покажувајќи богато подготвена трпеза. „Благодарна сум на сите вас денес“, напиша Гомез покрај фотографијата од масата и додаде: „Среќен Ден на благодарноста.“ Таа објави и фотографија на која позира со сопругот пред камин.