2-годишната ќерка му починала, а тој паднал во депресија и завршил фатално: Приказната за популарниот голман ќе ви го скрши срцето

Супермен

10/12/2025

09:14

4.558

Големина на фонт

а а а

Животната приказна на легендарниот голман на Хановер и германската фудбалска репрезентација, Роберт Енке, е една од најтажните во светот на фудбалот.

Енке имал прекрасна кариера. Првиот професионален договор го потпишал со Јена, подоцна се преселил во редовите на Борусија Мехенгладбах, а подоцна потпишал за Бенфика, Барселона, Фенербахче, Тенерифе и Хановер во којшто ги продолжил најдобрите денови во кариерата.


Енке имал и неверојатна репрезентациска кариера. Дебитирал во пријателскиот натпревар против Данска во 2007 година, а една година подоцна ја претставувал својата земја на Европското првенство во Австрија. Својот последен настап го забележал на 12 август 2009 година против Азербејџан кога го сочувал својот гол.

Бил планиран и во тимот за Мундијалот 2010 година, но на 10 ноември 2009 година фудбалскиот свет бил шокиран од веста дека славниот голман извршил самоубиство.

Роберт имал сериозни проблеми со депресијата. Се лекувал шест години од таа болест, но за жал не успеал да ја победи.

Смртта на ќерката

Енке во 2004 година со сопругата Тереза Ејем ја добил ќеркичката Лара која била родена со сериозна срцева маана. Девојчето од првиот ден морало да користи лекови, а имало и две тешки операции.

Починало во 2006 година како последица на компликации и Енке целосно се скршил.


„Толку многу поминавме заедно. Времето по Истанбул и Барселона беше многу тешко. Потоа мислевме дека можеме во сѐ да успееме, но дојде смртта на Лара. Тоа нѐ уништи. Мислевме дека ќе успееме да се избориме, дека љубовта е доволна. Но, не успеавме“, открила во една прилика Тереза.

Во мај 2009 година Тереза и тој ја посвоиле ќерката Лејла и се чинело дека парот ги пребродил проблемите, а Енке одлично се снаоѓал и на терен. Блескал на голот на Хановер, бил кандидат за прв голман на Германија, но следел шокот.

Само два дена по натпреварот против Хамбург, Енке извршил самоубиство.

Во вторник на 10 ноември 2009 година го направил утринскиот тренинг и два часа подоцна се фрлил под воз којшто одел од Бремен за Хановер, на местото кое било оддалечено само два километри од гробот на неговата ќерка.


Полицијата нашла и проштално писмо, а деталите од истото никогаш не биле објавени.

Неговата вдовица Тереза открила дека Енке бил во голема депресија шест години поради смртта на ќерката и дека повремено одел на психијатар. Погребан бил покрај гробот на својата ќерка.

Во негова чест основана била фондација чија цел е грижа за менталното здравје на фудбалерите, а Хановер една улица во близина на стадионот ја нарекол токму по неговото име.

„Роберт не се уби. Го уби болеста наречена депресија“, изјавила своевремено Тереза.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk