[ВИДЕО] Храбар случаен минувач го совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажа во Сиднеј

Макфакс

14/12/2025

14:35

2.483

Големина на фонт

а а а

На плажата Бонди во Сиднеј се случи пукaње, во кое, според последните информации, 12 лица се убиени, а 29 се повредени.

Светските медиуми објавуваат видео од социјалните мрежи на кое се гледа како минувач совладува и разоружува еден од напаѓачите.

Видео објавено на социјалните мрежи, според „Гардијан“, покажува како минувач го соборува на земја еден од напаѓачите на плажата Бонди и му ја грабнува пушката.

Пукањето официјално беше прогласено за терористички чин.

Еден вооружен напаѓач е исто така убиен, а вториот осомничен е во критична состојба, соопшти полицијата.

На плажата се одржувал настан по повод почетокот на Ханука, еврејскиот празник на светлината, на кој присуствувале повеќе од 1.000 луѓе, соопшти полицијата.