[ФОТО] „Цела на Филиповци, машала“: Браќата од „Некст тајм“ споделија емотивни моменти со малата Лиана од магичната Виена

Точка

16/12/2025

08:52

835

Големина на фонт

а а а

Браќата Стефан и Мартин од дуото „Некст тајм“ неретко објавуваат фотографии на социјалната мрежа Инстаграм на кои знаат да покажат и семејни моменти кои се навистина нежни.

Овојпат тие објавија преслатки фотографии со ќеркичката на Мартин од градот којшто може да се каже дека е „втор дом“ за Стефан и неговата сакана Тинеа.

Главната ѕвезда на фотографиите кои изнудуваат насмевка на лицата е малата Лиана која е прва среќа на Мартин и Андреа, а која е слатка како шеќер.


Емотивните моменти со нејзиниот татко и чичко се дел од нивното секојдневие кое е исполнето со најшарените бои на светот, секако животот со дете има една поинаква димензија – сѐ е некако поубаво и поразиграно.

Браќата објавија магични фотографии од прошетките низ Виена која се смета за еден од најубавите градови во Европа и која ја посетуваат многу туристи особено за време на празниците, а тие биле и на концерт на Џејмс Артур.


„Виена, Џејмс Артур. Учам од најдобриот“, напиша Стефан на Инстаграм покрај објавените фотографии.

Под објавите добија многу допаѓања и коментари: „Срцка мала, уживајте во нејзино друштво“, „Вие сте едно прекрасно семејство, малата принцеза е многу слатка“, „Цела на Филиповци, машала“...