Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ е многу активна на социјалната мрежа Инстаграм, а по разводот од Бастијан нејзините објави привлекуваат големо внимание.
Таа овојпат позирала во никогаш пократко здолниште, а препознатливата насмевка не ја тргала од лицето.
Ана делува како да ја надминала кризата поради разводот и дека продолжила понатаму со својот живот.
За тоа најмногу говори и објавата од подготовките за Божиќ во својот дом. За оваа прилика таа избрала да носи краток, светкав фустан.
Тука е и богато накитената елка, под неа подароци, покрај кои Ана позирала.
„Тајниот Дедо мраз со моите девојки“, пишува во објавата.
Деталите од ентериерот, суператрактивната Ана им ги покажала на следбениците од Инстаграм. Она што машкиот дел од публиката го забележал е тоа што таа изгледа навистина многу убаво и едноставно блеска, па коментирале: „Басти, што изгуби...“.

Инаку, Србинката пред неколку денови поднела барање за развод после девет години брак со Бастијан, а поднела и тужба за алиментација во Мајорка.
Ана и Бастијан не сакаат ниту да се сретнат на судењето, а од адвокатите барале бракоразводниот процес максимално да се забрза и секој да замине по свој пат.

„Точно е дека Ана поднесе барање за развод пред неколку денови во Минхен и тоа на одделението за семејни спорови. И таа и Басти на своите адвокати им порачале дека не сакаат да се видат на судењето на кое официјално ќе бидат разведени. Исто така и двајцата ги замолиле адвокатите да се потрудат сѐ да заврши во краток рок“, изјавил извор.






