Наполи добива големо засилување пред Суперкупот во Ријад

Макфакс

16/12/2025

14:19

428

Големина на фонт

а а а

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку (32), кој беше надвор од терените четири месеци поради повреда, почна со тренинзи и би можел да игра за Наполи оваа недела во Суперкупот, кој се одржува во Ријад, Саудиска Арабија, објавија италијанските медиуми.

Пред почетокот на оваа сезона, кон средината на август, Лукаку го повреди бутниот мускул на пријателскиот натпревар против Олимпијакос.

Поради ова, Наполи мораше да бара замена и во летниот преоден рок го доведе данскиот напаѓач Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед.

Со 89 гола, Лукаку е најдобриот стрелец во историјата на белгиската репрезентација. Тој е член на Наполи од летото минатата година, а на 38 натпревари забележа 14 гола и 11 асистенции.

Во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп, Наполи игра против Милан (18 декември), а во второто полуфинале се среќаваат Болоња и Интер (19 декември). Финалето е закажано за 22 декември.