На бензинските пумпи се појавило нов вид гориво: Ќе се точи од розови „пиштоли“, а можат да го користат сите автомобили

Точка

17/12/2025

13:15

665

Големина на фонт

а а а

Розовите „пиштоли“ на бензинските пумпи стануваат симбол на новата фаза на енергетската транзиција, а шпанската бензинска пумпа „Respol“ веќе го нуди ова гориво на над 1.400 свои локации и планираат понатамошно ширење на мрежата.

Новиот вид гориво се појавил на бензинските пумпи и донело вистинска мала револуција: шпанската бензинска пумпа „Repsol“ вовела розови „пиштоли“ за точење на гориво кое означува Некса гориво, ново 100 отсто обновливо гориво достапно во бензинска (светлорозова) и дизел (темнорозова) верзија.


Досега логиката била едноставна: зелена за бензин, црна за дизел, а сите останати варијанти биле само адитиви или посебни формулации во внатрешноста на истите фосилни бази.

Некса горивата ја менуваат оваа слика затоа што се произведуваат од органски отпад, користени масла за готвење и земјоделски и шумарски отпад, создавајќи гориво кое хемиски е многу слично со конвенционалното гориво, но со 90 отсто помал јаглероден отпечаток во текот на целиот свој животен циклус.

Со ова се постигнува значајно намалување на емисијата на јаглерод, се јакне циркуларната економија и се намалува зависноста од фосилни горива, а сето тоа без потреба за било какви модифицирани возила или инфраструктура.

Накса горивата, како што пренесуваат медиумите, е компатибилно гориво за сите мотори со внатрешно согорување, автомобили, комбија, камиони, автобуси, па дури и машини за земјоделие, што го прави практично решение за брза декарбонизација, особено во секторите каде електрификацијата не е лесно изводлива.

Розовите „пиштоли“ на пумпите исто така стануваат симбол на нова фаза на енергетската транзиција, а „Repsol“ веќе нуди горива на повеќе од 1.400 свои пумпи и планира да се шири и натаму, што има за цел да овозможи почиста мобилност без потребна замена на постоечки возила, во состав со целта за постигнување нулта нето емисија до 2015 година.

Слични решенија постојат и во Германија, како што се Клима Бензин 95, синтетичко гориво произведено од обновливи извори кои користат зелен метанол наместо фосилни деривати.


За разлика од стандардниот Е5 бензин, Клима Бензинот 95 може да ја намали емисијата на јаглерод до 95 отсто и целосно е компатибилен со постоечките мотори и инфраструктура, без техничко нагодување и со зачувување на октанскиот број и перформанси.

Иако овој напредок може да делува мал, тој претставува клучен чекор доколку сакаме да продолжиме да возиме на бензин и дизел и по 2035 година, но на начин којшто е еколошки поприфатлив.