[ФОТО] Археолозите во Помпеја откриле фрески и простории скриени речиси 2.000 години

Точка

19/12/2025

10:55

526

Големина на фонт

а а а

Нови фрески и простории биле откриени во една вила во древниот римски град Помпеја на југот од Италија, соопштија вчера од археолошкиот парк на тој локалитет.

Археолозите ги откриле фреските со исклучителни бои и детали во вилата Попеа во населбата Оплонтис кои датираат од средина на првиот век од нашата ера, пренесе Ројтерс.

Се верува дека вилата Попеа Сабини ѝ припаѓала на втората сопруга на императорот Нерон или на нејзиното семејство.


Археолозите откриле речиси комплетна фреска од женка паун, на која и недостасува главата, како и фрагменти од театарска маска што се користела во комедиите, додека претходно на истата област биле пронајдени маски за трагедии.


Исто така истражувачите откриле отпечатоци од стебла во градината на вилата, формирани во лава, како и четири соби, покрај 99 претходно ископани, од кои се верува дека едната била термална бања.

Директорот на археолошкиот парк Габриел Зухтригел рекол дека овие откритија нудат перспектива за нови истражувања и проучувања на интеракцијата помеѓу жителите на Помпеја и животна средина.


Древниот град Помпеја, кој се наоѓа во близина на Неапол, бил уништен при ерупција на вулканот Везув во 79 година, а неговите урнатини со векови опстанале под дебелите слоеви на лава и пепел.