Директор вреден 14 милијарди вели дека AI може да го замени: Престанале да вработуваат, работата веќе ја вршат машините

Точка

18/12/2025

17:49

610

Големина на фонт

а а а

Како што вештачката интелигенција станува сѐ понапредна, стравот од губење на работата повеќе не е присутен само кај работниците.

Еден директор на компанија вредна повеќе милијарди долари отворено тврди дека AI има способност да ја преземе дури и неговата функција на самиот врв.

Себастијан Сјемјатковски, извршен директор на компанијата „Klarna“ изјавил дека AI е способен да ги извршува сите работи, вклучувајќи ја и неговата затоа што поголем дел од деловните одлуки се сведуваат на искуство. Според неговите зборови, клучниот технолошки пробив веќе се случил, а тоа е способност вештачката интелигенција да размислува.

Иако признава дека идејата за тоа неговата работа да стане вишок не го радува, Сјемјатковски смета дека поопасно е да ја игнорирате реалноста. Тој наведува дека подобро е да учите и да се приспособувате отколку да се преправате дека промените не доаѓаат.

„Klarna“ веќе ги заменува луѓето со вештачката интелигенција

Сјемјатковски не говори само теориски. „Klarna“ престанала да вработува уште пред повеќе од една година, а вештачката интелигенција веќе ја извршува работата која претходно ја работеле 100-на вработени. Бројот на работници во компанијата се намалил за 22 отсто и сега изнесува околу 3.500, главно поради природниот одлив.

Според претходни изјави за „Bloomberg“, околу 200 луѓе во компанијата денес користат AI за клучни деловни задачи. „Klarna“ моментално се проценува на околу 14 милијарди долари, а вештачката интелигенција станала централен дел на нејзиното функционирање.

Интересно е што дел од вработените активно иницираат поширока примена на AI алатките затоа што компанијата планира дел од зголемената ефикасност да ја преточи во побрз раст на плата. Со други зборови, вештачката интелигенција во случајот на „Klara“ не се гледа само како закана туку и како начин за поширока примена.

Може ли AI да ги води компаниите наместо човек?

Сјемјатковски верува дека комбинацијата огромни бази на знаење и способности за резонирање, им овозможува на AI системите да носат деловни одлуки. Слично размислуваат и другите лидери од технолошката индустрија.

Сепак, Ријаки, основач на компанијата „Honu“ тврди дека AI за кратко време оди кон тоа да ги анализира деловните резултати, да процени милиони сценарија и да донесе стратешки одлуки побрзо од луѓето.


Сепак, не се сите директори согласни со ова. Акаш Нигам, директор на компанијата „Genies“ смета дека целосната замена на директорот сѐ уште е повеќе само теорија отколку реалност.

Според неговите зборови, улогата на директорот бара емоционална интелигенција, приспособливост и лидерски нијанси кои AI засега не може целосно да ги реплицира.

Истражување од 2023 година покажува дека речиси половина директори веруваат дека поголема или цела нивна работа би можела да биде автоматизирана што сугерира дека дебатите за иднината на раководителската позиција штотуку почнуваат да се „крчкаат“.